Home / Latest Articles / TCR Europe: Втора станица за ПСС Рејсинг Тим – Пол Рикар

TCR Europe: Втора станица за ПСС Рејсинг Тим – Пол Рикар

Овој викенд на 5842 метарската патека Пол Рикар во Франција се вози втората рунда од Европската ТЦР Серија.

По тој повод тимот на ПСС Рјсинг заедно со Виктор Давидовски и Франко Гиролами се упатија во борба за нови поени во генерален пласман.

Денес од 10:10 часот се одржа првиот слободен тренинг во кој Теди Кларе (Peugeot 308) имаше најбрзо време од 2:14.531, следен од неговиот брат Џими кој заостана за само 0.016. Трет беше Нилс Лангевелд (Hyundai Elantra N) пред Ким Гаврилов и Франко Гиролами од ПСС Рејсинг на петтата позиција.

После нив следеа Коронел, Пусие, Јелмини, Хомола и Јанг кои ги заокружија топ 10-те, додека Виктор Давидовски имаше 11-то време од 2:15.517.

22-та пријавени натпреварувачи ќе се сретнат пак денес во 16:40 часот за вториот слободен тренинг. Утре на програмата од 10 часот се квалификациите после што следува првата трка од 16:40 часот, додека втората трка е во недела од 12:40 часот.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *