Home / Latest Articles / TCR Europe: Гиролами со казна од 30 секунди, Мато Хомола промовиран во победник на Монца

TCR Europe: Гиролами со казна од 30 секунди, Мато Хомола промовиран во победник на Монца

И покрај се, гледавме уште една незаборавна трка на Монца…

Кога би продолжиле вакви да бидат трките во ТЦР категоријата, ова дефинитивно би станале високо ценети шампионати, да не претеруваме, но блиску како Британскиот туринг шампионат…

Денес оние што гледаа беа сведоци на горенаведеното, но и на повторената пеколна борба помеѓу Гиролами и Аскона од првата трка во која Гиролами излезе како победник. И на втората трка излезе како победник тргнувајќи од десеттата позиција, но само за кратко.

Франко Гиролами доби казна од 30 секунди поради проаѓање на жолто знаме, и тоа токму Аскона, после што тимот на Шпанецот приложи приговор кој беше усвоен, за после казната Гиролами да падне на 19 позиција и да ја загуби борбата за шампионската титула, но и покрај тоа, покажа маестрално возење.

Сега се возможни само математички пресметки за победа во генерален пласман кај возачите откако разликата помеѓу него и Шпанецот се зголеми на 54 поени. Финалето на Европската ТЦР Серија ќе се одржи во Барселона, на домашен терен на Аскона, каде Шпанецот нема да дозволи никакви изненадувања.

После ова поредокот на втората трка изгледа вака: Мато Хомола со победа, пред Том Коронел и Џек Јанг, додека позади нив до десеттата позиција се наредија Аскона, Јелмини, Џ. Кларе, Борковиќ, Барт, Т. Кларе и Тоуфик, а во бодови исто така влегоа Калеха, Бенани, Грошек, Лангевелд и Леонов.

Виктор Давидовски имаше проблеми на стартот, при што мораше да се тргне на страна. Тој продолжи подоцна, но успеа да заврши на последната 26 позиција.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *