Home / Latest Articles / TCR Europe: Голема победа за Гиролами, висока 9 позиција за Давидовски и ПСС Рејсинг на Монца!

TCR Europe: Голема победа за Гиролами, висока 9 позиција за Давидовски и ПСС Рејсинг на Монца!

Оние кои ја проследија трката, дефинитивно ќе ја наречат фантастична…

Аргентинскиот возач на Македонскиот ПСС Рејсинг Франко Гиролами дојде до голема победа во крајно неизвесната прва трка од претпоследниот тркачки викенд во рамките на Европската ТЦР Серија.

Победата на Гиролами значи дека борбата за шампионската титула сеуште е жива, со тоа што после оваа трка водството на Микел Аскона се намали на 26 поени, после жестоката борба во последниот круг токму помеѓу овие двајца, додека трет заврши Том Коронел, кој подиумот го освои после пукањето на предната лева гума на два круга пред крајот на домаќинот Феличе Јелмини на кого втората позиција му беше на повидок.

Виктор Давидовски имаше фантастичен старт од 13-тата стартна позиција, а со голема борбеност и смирено возење дојде до висока 9-та позиција и дополнителни поени за својот ПСС Рејсинг тим, како и уште едно признание за борбата за Дијамантски Трофеј оваа година.

Српскиот возач Душан Борковиќ стартуваше од седмата позиција пробивајќи се до третата, но неговото темпо едноставно опадна при што на крајот заврши како седми, губејќи неколку важни битки.

Значи, како победник се запиша Гиролами, пред Аскона и Коронел на подиумот, додека позади нив до десеттата позиција следеа Џ. Кларе, Тоуфик, Хомола, Борковиќ, Барт, Давидовски и Лангевелд, додека Пољакот Бартош Грошек доби трофеј за најдобар гостински возач.

Втората трка е на програмата во недела во 13:30 часот.

About vladimir

Check Also

WSBK: Разгатлиоглу и Рединг победници во Аргентина

Изминатиот викенд на патеката Виликум во Аргентина се одржа претпоследната рунда од World Superbike шампионатот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *