Home / Latest Articles / TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд.

Во првиот слободен тренинг Микел Аскона беше возачот со најбрзо време (1:58.247), следен од Франко Гиролами од ПСС Рејсинг, кој не се откажува од борбата за титула иако бодовната разлика е голема во споредба со Шпанецот. Тој заостана зад Аскона 0.283 секунди додека трет беше Феличе Јелмини со заостанување од 0.400 секунди, додека Македонскиот претставник Виктор Давидовски имаше деветта позиција во првиот тренинг со заостанување од 0.994 позади најбрзиот Аскона.

Вториот тренинг најбрз беше Словакот Мато Хомола со време од 1.57.863 следен повторно од Франко Гиролами кој заостана за 0.137 секунди. Трет беше Џек Јанг исто во Хонда како Гиролами, додека Давидовски имапе непто послабо време на 22 позиција со заостанување од 1.989 секунди позади Хомола.

Квалификациите се од 09:00 часот утре изутрина. Подолу погледнете ги целосните резултати од двата тренинга:

https://europe.tcr-series.com/images/events/2021/06_Monza/FinalClassification_FP1.pdf

https://europe.tcr-series.com/images/events/2021/06_Monza/FinalClassification_FP2.pdf

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *