Home / Latest Articles / TCR Europe: Пол позиција за Теди Кларе на првата трка, за Давидовски на втората

TCR Europe: Пол позиција за Теди Кларе на првата трка, за Давидовски на втората

Францускиот возач Теди Кларе успеа да дојде до најбрзо време на денешните квалификации за втората рунда од Европската ТЦР Серија на патеката Пол Рикар во Франција

Тој одржа доста брзо темпо, а тоа го најави уште на првиот слободен тренинг. Французинот позади волан на француски бренд и како домаќин на француска патека извозе најбрз круг од 2:12.615, завршувајќи за една десетинка пред Меди Бенани од SLR.

Поради правилото на обратен грид од квалификациите Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски ќе стартува од пол позицијата на втората трка, поради неговиот пласман како десетти за првата трка што е доста импресивен резултат.

Вистинско разочарување е 20-тата стартна позиција за Душан Борковиќ кој и во текот на слободните тренинзи не покажа некое посебно темпо.

Подолу се времињата од првите 10:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *