Home / Latest Articles / TCR Europe: Претставен е нов систем на квалификациско бодување

TCR Europe: Претставен е нов систем на квалификациско бодување

Организаторите на Европската TCR Серија ја потврдија промената на системот на бодување за 2022 сезона, при што ќе се бодуваат двете квалификациски сесии.

Претходниот начин на бодување се однесуваше на освојување на поени за првите десет возачи во финалната квалификациска сесија, со 10 поени за пол позиција до 1 поен за десетта стартна позиција.

Сепак немаше поени за првата квалификациска сесија каде се одлучуваше пол позицијата како обратен грид за викендот, давајќи им шанса на возачите да употребуваат тактики за освојување на пол позиција за втората трка.

Промените во правилата означуваат добивање на поени за првите шест возачи во првата квалификациска сесија – од 6 до 1 поени, додека водечките пет возачи во втората квалификациска сесија ќе можат да освојат 10, 7, 5, 4 и 3 поени.

Системот на бодување на трките останува ист.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *