Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија

После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на Спа Франкоршамп, Нирбургринг, Зандворт и Словакиаринг, тимот на ПСС Рејсинг заедно со Виктор Давидовски и Франко Гиролами се упатуваат на првата трка од Европската ТЦР Серија, на патеката Словакиаринг во Словачка.

Тимовите се веќе пристигнати, а веќе утре започнува акцијата со двата слободни тренинзи, додека во сабота се квалификациите и првата трка, а во недела втората трка од првата рунда.

Пријавени се 22 возачи, а се присутни вкупно пет производители со кои ќе стартува 2021 сезона. Несомнено е дека ќе гледаме квалитетна борба за позиции, а исто така на Македонскиот ПСС Рејсинг Тим му посакуваме многу среќа и квалитетна тимска работа.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *