Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / TCR Europe: Франко Гиролами најбрз на вториот слободен тренинг на Пол Рикар

TCR Europe: Франко Гиролами најбрз на вториот слободен тренинг на Пол Рикар

Аргентинскиот возач Франко Фиролами извози најбрз круг на вторите слободни тренинзи позади воланот на Honda Civic Type-R за PSS Racing на Пол Рикар, додека за четири десетинки позади него с овторо најбрзо време заврши Лангевелд во Hyundai.

Гиролами направи време од 2:13.356 при крајот од сесијата, додека Виктор Давидовски исто така дојде до 13то најбрзо време на самиот крај од вториот слободен тренинг.

Трет на денешниот втор тренинг заврши Сами Тофик исто така во Hyundai Elantra N TCR, додека Микел Аскона беше четврти пред Џими Кларе, Меди Бенани, Феличе Јелмини, Џек Јанг, Теди Кларе и Том Коронел кој ги комплетираше топ 19-те возачи/

Понатаму следеа Гаврилов, Хомола, Давидовски, Леонов, Борковиќ кој успеа само до 15-тата позиција. Галаш, Калехас, Барт, Пусие, Риба и Коломбани ја комплетираа бројката од 21 возач кои настапија на вториот слободен тренинг. Подолу погледнете ги резултатите:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *