Home / Latest Articles / TCR Europe: PSS Racing продолжува на Нирбургринг овој викенд

TCR Europe: PSS Racing продолжува на Нирбургринг овој викенд

Овој викенд на патеката Нирбургринг на програмата е петтата рунда од Европската ТЦР Серија

По тој повод Македонскиот ПСС Рејсинг тим на чело со Виктор Давидовски и Аргентинецот Франко Гиролами е на пат за Германија каде ќе ги одмерат силите на Нирбургринг ГП патеката која за прв пат се вози во ова натпреварување.

Виктор Давидовски паузираше на трката на Спа Франкоршамп поради технички причини, но овој пат очекуваме да го видиме во вистинско светло, после претходните квалитетни резултати.

Неговиот тимски колега Франко Гиролами оди со дефицит од 30 поени од лидерската позиција споредбено со лидерот Микел Аскона, додека трет во генерален пласман е Меди Бенани, за 17 поени позади Гиролами.

Ова е распоредот на тркачкиот викенд:

Петок
10.50 – 11.20 Прв слободен тренинг
15.00 – 15.30 Втор слободен тренинг

Сабота
10.10 – 10.45 Квалификации
14.55 – 15.25 1 Трка

Недела
12.50 – 13.20 2 Трка

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *