Home / Latest Articles / TCR Europe: PSS Racing со Дијамантски Трофеј за Давидовски и Вицешампионска титула за Гиролами

TCR Europe: PSS Racing со Дијамантски Трофеј за Давидовски и Вицешампионска титула за Гиролами

Последната трка од Европската TCR Серија беше одлучувачка и до последен момент неизвесна…

После лошите квалификации во Барселона Македонскиот PSS Racing тим продолжи со истата задача, освојување што повеќе тимски поени, но сепак борбата за титула на Франко Гиролами заврши откако тој заврши на 17 позиција.

Сепак Давидовски беше подобро пласиран од неговиот тимски колега, и тоа на 12 позиција во првата трка. Во втората трка Гиролами успеа да се пробие од 17-тата стартна на петтата позиција, но тоа не беше доволно за освојување на титулата оваа година.

Давидовски заврши на последната позиција во втората трка после многуте удари кои ги доби на патеката, но тоа не го запра да ја го освои Диајмантскиот Трофеј во ова натпреварување оваа сезона што е за возачи над 40 години. Тој ја заврши оваа сезона со освоени 95 поени и 16-та позиција во генерален пласман од 26 натпреварувачи додека неговиот искусен тимски колега дојде до Вицешампионска титула, додека во тимска конкуренција PSS Racing освои 484 поени и заврши на петтата позиција од 14 тимови.

Победници на двете трки од последната рунда на Каталуња беа тимските колеги Микел Аскона и Клим Гаврилов. Аскона ја освои титулата со освоени шест победи, а ова дефинитивно е најава за продолжување на жестоката борба за титулата кај возачи и следната сезона помеѓу возачот на Македонскиот тим Франко Гиролами и Шпанецот Микел Аскона.

Следи ексклузивно интервју со возачите на Македонскиот тим во кое ќе ги дознаете деталите за целата сезона.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *