Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Volkswagen го покажа новиот електричен тркач што ќе го напаѓа Пајкс Пик

Volkswagen го покажа новиот електричен тркач што ќе го напаѓа Пајкс Пик

Volkswagen ги покажа првите фотографии и го откри името на нивниот нов електричен тркач кој што ќе го напаѓа рекордот на Пајкс Пик, тој е наречен I.D. R.

Новиот германски електричен тркачки прототип ќе учествува на годинешното интернационално ридско натпреварување на Пајкс Пик во Колорадо. Овој проект, кој што е наречен I.D. R., е продукт на првата соработка помеѓу Volkswagen R и Volkswagen Motorsport.

“Без никакво сомнение, Пајкс Пик е најлегендарниот ридски настан во светот на тркањето. I.D. R проектот претставува одлична можност за Volkswagen да го промени погледот кон електричните возила, посебно од спортска перспектива.” – изјави Јирген Стакман, член на управниот одбор на Volkswagen.

Немаме никакви информации техничките спецификации на овој електричен прототип, само дека ќе има погон на сите четири тркала. Но, она што може да се види од фотографиите е неговата голема сличност со прототипите од Ле Ман тркачките серии.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *