Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Volkswagen Golf R MK 7.5 против Honda Civic Type R FK8

Volkswagen Golf R MK 7.5 против Honda Civic Type R FK8

Во следново видео ќе можете да видите битка помеѓу најбрзите “жешки” хечбек автомобили на пазарот, Volkswagen Golf R MK 7.5 и Honda Civic Type R FK8.

Иако овие две возила на прв поглед се многу слични, тие сепак се различни поради неколку важни работи. Од една страна го имаме Volkswagen Golf R MK 7.5, кој што е опремен со 2.0-литарски турбо агрегат со моќност од 310 коњски сили. Овие 310 “коњи” се пренесуваат на сите четри тркала, што му овозможува да стигне до 100км/ч за нешто помалку од 5 секунди.

Од друга страна го имаме Honda Civic Type R FK8, кој што исто така има 2.0-литарски турбо агрегат со нешто поголема моќност од 320 коњски сили. Во овој случај погонот се пренесува само на предните тркала и може да стигне до 100км/ч за околу 5 секунди.

На хартија, подади погонот на сите четири тркала, Golf-от е очигледниот фаворит, но дали е така во пракса? Останува да го погледнете видеото за да дознаете:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *