Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / VW Golf GTI против Alfa Romeo Giulietta Veloce – споредба во реалниот свет

VW Golf GTI против Alfa Romeo Giulietta Veloce – споредба во реалниот свет

Alfa Romeo Giulietta Veloce е италијанскиот одговор за Volkswagen Golf GTI, но дали може да се справи со својот германски ривал ќе видите во следново видео.

Можеби не станува збор за фер компарација бидејќи Alfa Romeo Giulietta Veloce е на пазарот уште кога Volkswagen го продаваа Golf MK6, сепак ќе биде интересно да се види како ќе изгледа во споредба со својот помодерен противник.

Alfa Romeo Giulietta Veloce го започна својот живот како Quadrifoglio Verde, но подоцна при нејзиниот фејслифт во 2016-тата беше преименувана во Veloce. По овој фејслифт целосно беше исфрлен мануелниот менувач и единствена опција остана 6-степениот автоматски со двојно квачило. Alfa Romeo Giulietta Veloce е опремена со 1.75-литарски турбо мотор со моќност од 240 коњски сили.

Последната инкарнација на Volkswagen Golf GTI е очигледниот крал во овој сегмент, кој што нуди баланс промеѓу секојдневната употреба и забавното спортско возење. Па да погледнеме како Alfa-та ќе се справи со него:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *