Home / Latest Articles / WRC: Акрополис Рели се враќа во календарот после 8 години

WRC: Акрополис Рели се враќа во календарот после 8 години

Светскиот рели шампионат потпиша повеќе годишен договор со организаторите на Акрополис Рели кое ќе се врати после пауза од 2013 година

Акрополис Рели ќе го замени Рели Чиле кое беше откажано поради Ковид пандемијата и рестрикциите кои се воведени во Јужно Американската држава, а замената како земјена подлога ќе се одржи како 10-та рунда од календарот и тоа од 9 до 12 септември на југот од Грција.

Познато по опасните остри камења и високи температури, Акрополис Рели беше едно од првите релија кои потпишаа учество во Светскиот рели шампионат од неговиот сам почеток во 1973 година, а беше одржано 38 пати.

Некои аспекти од релито сеуште треба да се финализираат, поточно градот каде ќе се организира како и рутата. Овие аспекти треба да се одлучат после регуларната инспекција на рутата од ФИА и WRC промотерот.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *