Home / Latest Articles / WRC: Доминатна победа на Кале Рованпера во Шведска

WRC: Доминатна победа на Кале Рованпера во Шведска

Финскиот возач Кале Рованпера дојде до важна победа за него, но следниот податок за оваа победа е доста интересен.

Имено младиот Рованпера дојде до победа на Рели Шведска после 21 година откако неговиот татко Хари успеа да победи на ова рели кога Кале имаше само четири месеци.

Ова е трета победа за него во неговата кариера, откако неговиот тимски колега Елвин Еванс го заврши релито со удар во снежен нанос во последниот ден.

Пет различни возачи водеа во највозбудливото рели Шведска досега. Рованпера го врати водството во вториот ден, но Еванс беше веднаш зад него се до неговото излетување.

„Не очекував дека ќе завршиме со волку добар резултат, посебно поради стартувањето од првата позиција во петокот. Тимот заврши голема работа правејќи го автомобилот перфектен во текот на целото рели. Сега се чувствувам многу повеќе самоуверено.“ – изјави Рованпера.

Елвин Еванс бркаше време поради добиената казна од 10 секунди, но заврши излетан во снежен нанос со тешко оштетен преден дел од автомобилот со кој не можеше да продолжи понатаму.

Тиери Невил заврши на втората позиција во Hyundai, додека Есапека Лапи и Такамото Катсута успеаа да ги внесат своите Toyota автомобили во првите четири места. Гас Гринсмит (Ford) заврши на петтата позиција пред Оливер Солберг (Hyundai) на шестата. Андреас Микелсен од пристигна како седми во генерален пласман и победник во WRC2 категоријата, пред Веиби, Хутунен и Каур.

Кале Рованпера води во генерален пласман со 46 поени пред Тиери Невил со 32 поени и себастиен Леб со 20 поени. Следната станица е Рели Хрватска од 21 до 24 април.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *