Home / Latest Articles / WRC: Започна Монте Карло Рели, Ожие најбрз на шејкдаунот

WRC: Започна Монте Карло Рели, Ожие најбрз на шејкдаунот

Ожие најбрз на шејкдаунот на Монте Карло рели

8-кратниот WRC шампион Себастиен Ожие, кој оваа сезона вози неколку одбрани рунди за Toyota Gazoo Racing после откажување од целосна програма, беше побрз за само 0.5 секунди од неговиот сонародник Себастиен Леб (Ford Puma) на 2.29км тест каде успеаа да ги размрдаат автомобилите од новата хибридна Rally1 категорија.

Тимскиот колега на Ожие, Елвин Еванс ги комплетираше првите тројца позади воланот на неговата Toyota Yaris, а пристигна за 0.5с позади Леб, на кого ова најверојатно ќе му биде единствено рели оваа сезона.

„Генерално автомобилот работи добро. Сепак ова е шејкдаун и не можеме многу да бидеме сигурни за вечер, но сепак автомобилот работи добро, и тоа е важно засега.“ – изјави Ожие.

Себастиен Леб беше најбрз во неговата Puma во првото проаѓање. Тој исто така го симна времето и во второто проаѓање, но Ожие дојде до најбрзо време во третото и последно проаѓање на краткиот 2.29км тест.

Тиери Невил беше четврти и најбрз од Hyundai автомобилите, пред Едриен Форме, Гас Гринсмит и Крег Брин – сите позади волан на Ford Puma. Такамото Катсута и Кал Рованпера беа осми и деветти во Toyota GR Yaris, додека От Танак доцнеше 3.9 секунди позади водечкиот Ожие на десеттата позиција.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *