Home / Latest Articles / WRC: Започна Рели Монца! (ВИДЕО)

WRC: Започна Рели Монца! (ВИДЕО)

Овој викенд на програмата е последната рунда од Светскиот рели шампионат, Рели Монца

Возачот на Toyota Себастиен Ожие го отвори првиот ден како најбрз возач, завршувајќи за половина секунда пред Тиери Невил.

Ожие и Невил мораат многу да се потрудат ако сакаат да го завземат местото на Елвин Еванс, на кого ова година му се насмевнува титулата.

За Еванс прерано започнаа проблемите, кога изутринава на шејкдаунот се изврте и го оштети издувниот систем, а потоа избегна удар при што загуби драгоцено време од 2.7 секунди кое го стави на четвртата позиција.

За да дојде до шампионската титула, Еванс треба да заврши само како четврти, додека на Ожие, Невил и на Танак им е потребно вистинско чудо да се случи за да ги одржат шансите за титула големи…

Погледнете како изгледаше акцијата во првиот ден:

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *