Home / Автомобилизам / WRC: Латвала ја врати славата на Toyota во Светскиот шампионат

WRC: Латвала ја врати славата на Toyota во Светскиот шампионат

После долгогодишната пауза, фабричкиот тим на Toyota победи уште на втората рунда во Шведска, најавувајќи голема борба до крајот на сезоната…

Фабричкиот тим на Тoyota се врати на победничкиот пиедестал на само втората рунда од Светскиот рели шампионат, откако Јари-Мати Латвала успеа да се избори за победа на последниот ден од Рели Шведска. Финецот сигурно го држеше второто место во текот на релито, откако Тиери Невил беше се поблиску до победата, уживајќи во голема предност пред неговите ривали. Но после излетувањето и ударот, на Латвала му се отворија вратите за победа на ова легендарно снежно рели. Ова му е второ излетување на Невил по ред, откако истата судбина ја имаше и на првата рунда од сезоната во Монте Карло.

Токму вака изгледаа славните денови на Toyota пред две децении, а веќе сега, радоста надежите се уште поголеми откако тимот го има на чело крајно искусниот бивш WRC шампион Томи Макинен. Да потсетиме, Макинен најавуваше високи пласмани во текот на оваа сезона, а како што изгледа ова беше старт од соништата за јапонскиот фабрички тим. Следи доста интересна сезона…

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *