Home / Latest Articles / WRC: Леб со целосна сезона следната година?

WRC: Леб со целосна сезона следната година?

Огромен број на љубители на оваа категорија на натпреварување се прашуваат, но и посакуваат да го гледаат 9-кратниот Светски рели шампион на секоја рунда од календарот…

Но како што изјавија од Citroen, тоа ќе биде одлука која ќе ја донесе токму самиот Леб, без никаков притисок од било кој околу него. Леб победи на четвртина извозени брзинци на Рели Корзика иако немаше настап точно 10 години на овој евент.

Французинот водеше на релито од самиот почеток, но излетувањето во канал на вториот брзински испит му ги расипа плановите за победа, иако се врати следниот ден и постави најбрзи времиња на три од шесте брзински испити во саботата.

Оваа година кампањата на Леб е да настапи на уште една рунда – на Рели Каталуња во октомври, иако имаше шпекулации дека ќе се појави и во Германија во август. Многумина се прашуваа дали ова е добар чекор на Citroen што Леб се појавува на одбрани рунди оваа година.

Но одреден број во кои влегува Крис Мик возачот на Citroen, не само што веруваат, туку и уживаат во неговото враќање, бидејќи очигледно била висока енергијата која владеела во тимот во текот на Рели Мексико и Рели Корзика.

Од Citroen изјавија дека конзистентноста, смиреноста и довербата која ја покажал Леб претставувала храна за целиот тим, а оние кои го пратат Леб, знаат за што станува збор и со што тој располага. Леб беше запрашан за шпекулациите за неговото појавување во Германија, а тој одговори доста кратко:

„Август е летен период, период кој е за на плажа.“

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *