Home / Latest Articles / WRC Мексико: Невил започна со предност на Рели Мексико

WRC Мексико: Невил започна со предност на Рели Мексико

Рели Мексико ветува пеколна борба…

Возачот на Hyundai, Тиери Невил успеа да се избори за најдобро време на првиот брзински испит со кој официјално беше отворено Рели Мексико, а се возеше низ улиците на Гуанахуато. Себастиен Леб кој отсуствува од рели на земјена подлога веќе шест години, го стартуваше релито на 10-тата позиција.

Во четвртокот вечерта бевме сведоци на краток ноќен брзински испит на кој не беше претставено Рели Мексико во право светло – со прашливите патишта кои ќе бидат поголем дел од третата рунда од Светскиот рели шампионат.

Со завршувањето на првата позиција на шејкдаунот, Невил ќе го стартува денешниот ден (петок) буквално како чистач на прашливите брзински испити од првата позиција, што е најтешка работа на вакви комплицирани рунди на кои може да се очекува неверојатен пресврт.

Невил успеа да направи предност од 1.9 секунди пред возачот на Toyota От Танак на уличниот брзински испит. Иако не изгледа како голема предност, оваа предност е од големо значење, познавајќи ја оваа категорија која може да биде многу драматична и да одлучуваат токму тие секунди, буквално.

Toyota направи формација од 1-2-3 пред стартот на Ожие и Невил. Ожие направи мала грешка и мораше да се задоволи со провизорна втора позиција, една десетинка позади Танак, пред Невил да излезе најбрз и да го поведе релито уште на самиот старт.

Тимските колеги на Танак, Јари-Мати Латвала и Есапека Лапи ги комплетираа топ 5-те возачи, додека Крис Мик се најде на седмата позиција позади Андреас Микелсен, а пред Дани Сордо и Елфин Еванс на осмата и деветтата позиција.

Леб беше прв на патеката за овој брзински испит пред поредокот да се сврти обратно за официјалниот почеток на релито и заврши на 10-тата позиција од 11 WRC автомобили, но на само 4.7 секунди позади Невил.

После овој старт, очекуваме пеколна борба во буквален смисол на зборот.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *