Home / Latest Articles / WRC Монте Карло: Продолжува Француската борба, Ожие го врати водството од Леб

WRC Монте Карло: Продолжува Француската борба, Ожие го врати водството од Леб

Себастиен Ожие се наоѓа на чекор од уште една победа на Монте Карло Рели… Ќе му дозволи ли Леб во тоа?

Денес на програмата беа пет брзински испити низ Француските алпи. Ожие влезе во последниот брзински испит за денес Кол де Фонтбеле со 5с предност кои ги доби заедно со превземањето на водството од неговиот сонародник Себастиен Леб.

Со 5км зимски услови на врвот од преслапот, Леб се одлучи за храбар потег и тоа монтирање на мека компонента асфалтна гума и се надеваше дека бенефитот ќе дојде од сувите делови пред замрзнатите.

Ожие веќе се одлучи, но гледајќи го Леб со сите сликови во последен момент измеша две меки асфалтни гуми со две снежни и го победи за 16.1с, за да дојде до финалната предност од 21.1с. Коцкајќи се со изборот на гуми Ожие ја победи оваа важна битка која беше најважна за победа во генерален пласман.

После драматичниот ден Крег Брин се најде на третата позиција во генерален пласман во уште една Puma. Ирецот беше на 1м4.9с позади Леб.

После два дена Кал Рованпера пронајде малку побалансиран сетап за себе и успеа да дојде од деветтата на четвртата позиција. Тој заврши за 37.8с поназад од Брин откако победи на последните два брзински испити.

Гас Гринсмит заврши како петти и покрај дупнатата гума и проблемите со моторот што го чинеше драгоцено време, како и 3м казна за промена на свекиците на автомобилот.

Шести беше Тиери Невил кој исто така наиде на проблеми со предниот десен дел од суспензијата, додека Еванс излета од патот губејќи драгоцено време. От Танак го заврши релито со удар во снежен нанос при што го оштети ладилникот на автомобилот, додека неговиот тимски колега Оливер Солберг загуби 35м после блокирање на сопирачките и излетување од патот.

Колкава и да е разликата, ова е Монте Карло и се може да се случи…

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *