На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство на трка од WRC шампионатот после доминацијата во петокот.
Сензационалното враќање на 9-кратниот шампион се состоеше од превземаење на водството победувајќи на четири брзински испити денес, правејќи 9.9 секунди предност во самото влегување во хибридната ера позади волан на Ford Puma (M-Sport).
Тој после двата кратки брзински испити во четвртокот вечерта каде заврши позади Ожие на втората позиција и покрај малите проблеми со хибридниот систем, успеа да се докаже себеси и автомобилот дека можат да победуваат.
“Изненаден сум што успеав да победам на првото проаѓање на шејкдаунот. Обично не ми одат баш. Но овој пат како и денес, изгледа дека добро ни оди комуникацијата со автомобилот. Не е некоја голема предност, но пресреќен сум што сум во водство на релито.” – изјави Ожие.
После осмиот брзински испит Леб води пред Ожие за 9.9с додека на третата позиција е Еванс за 22с поназад од водечкиот. Тиери Невил е на четвртата позиција со заостанување од 47.8 секунди пред От Танак со дефицит од 56.7с од Леб.

Едриен Форме и неговиот совозач доживеаа катастрофална незгода од која се спасија без никакви повреди, со огромна заслуга за новиот заштитен кафез кој е воведен оваа сезона, заедно со хибридниот систем. Инаку тие беа четвртопласирани изутринава, на добар пат за борба за првата позиција.