Home / Latest Articles / WRC: Ожие најбрз на шејкдаунот во Шпанија

WRC: Ожие најбрз на шејкдаунот во Шпанија

Себастиен Ожие во борба за секој дел до секундата за осма титула оваа година

Францускиот возач на Toyota Себастиен Ожие се најде во предност пред Елвин Еванс на шејкдаунот за Рели Шпанија кој се одржа денес на 4.31км брзински испит Кол де ла Теиксета и јасно покажа дека оди на осма титула оваа година.

Тој извози најбрзо со време од 2:33.6 секунди, додека веднаш зад него се наоѓа неговиот тимски колега и ривал за титулата Елвин Еванс кој заостана за 0.2 секунди. Трет пристигна Тиери Невил (Hyundai) со заостанување од 0.4 секунди, пред Дани Сордо, От Танак, Кале Рованпера, Адриен Форме, Гас Гринсмит, Такамото Катсута и Нил Соланс.

Инаку за информација Ожие е трикратен победник во Шпанија, а после лошите перформанси на претходната рунда во Финска најави победа на ова рели со најбрзото време на шејкдаунот.

„Пристигнав овде да пробам да победам, па затоа морам да напаѓам, жестоко. Не дојдов да завршам на втората позиција. Секогаш е добро да се биде најбрз на шејкдаунот и покрај тоа што не се бодува, но сепак значи дека чувството во автомобилот е добро. Мислам дека сме подготвени.“ – категоричен беше Ожие.

Тој води во генерален пламсман со 190 поени пред неговиот тимски колега Елвин Еванс кој се наоѓа за 24 поени позади него. Ова дефинитивно е клучно рели за борбата за титулата оваа година, бидејќи воедно е и претпоследно.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *