Home / Latest Articles / WRC: Оливер Солберг со четврти различен совозач оваа година на финалето на Монца

WRC: Оливер Солберг со четврти различен совозач оваа година на финалето на Монца

Тоа што неколку совозачи не му одговараа, покажува новата информација дека четврти различен совозач ќе му се приклучи на Оливер Солберг, синот на прославениот рели возач Петер Солберг.

Солберг беше повикан од Hyundai да го вози автомобилот i20 WRC на 2C Competition за финалето во Италија кое ќе се одржи од 18 до 21 ноември, а тоа ќе го направи заедно со бившиот совозач од M-Sport, Едмондсон.

Едмондсон го превзема совозачкото место од неговиот сонародник Дру, кој му беше совозач на Солберг во Финска и Шпанија минатиот месец.

Дру го замени Ирецот Арон Џонстон откако се разделија со Солберг после три години. Но поради позитивен тест на ковид, Себ Маршал, првичниот совозач кој требаше цела сезона да биде со Солберг, ја испушти приликата.

Сепак, сеуште не е јасно дали британецот ќе продолжи следната сезона кога Солберг ќе седне позади волан на фабричко Hyundai кое ќе го делат со Дани Сордо во текот на одбраните рунди.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *