Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / WRC: Победа за Себастиен Ожие за само 0.6 секунди на крајно драматичното Рели Хрватска

WRC: Победа за Себастиен Ожие за само 0.6 секунди на крајно драматичното Рели Хрватска

Францускиот возач Себастиен Ожие победи на едно од најдраматичните завршници досега во рамките на Светскиот рели шампионат.

Ожие преноќи како лидерво генерален пласман од вчерашниот ден, но на пат кон брзински испит денес заглави во судар низ улиците на Загреб, а тоа го чинеше предност во генерален пласман која ја превзема неговиот тимски колега Елвин Еванс.

Power Stage-от започна со предност на Еванс спрема Ожие од 3.9 секунди, но Ожие едноставно експлодираше низ последниот специјален брзински испит, завршувајќи со предност од 0.6 секунди и победа во генерален пласман.

Еванс заврши за 7.5 секунди пред Тиери Невил кој го освои последното место на подиумот. От Танак приситгна на четвртата позиција со заостанување од дури 1:25.1 минути, додека петти беше Адриен Формо, пред Такамото Катсута, Гас Гринсмит и Крег Брин.

Во генерален пласман води Себастиен Ожие со 61 поен, пред Тиери Невил со 53 и Елвин Еванс со 51 поен на третата позиција. Следната рунда на календарот е Рели Португалија на земјена подлога закажано за 20-23 мај.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *