Рели Полска ќе отпадне од календарот на Светскиот рели шампионат следната сезона поради истите причини поради кои отпадна Бугарија пред 6 години, а тоа се проблемите со публиката, поточно нивната безбедност, а ќе ја замени Турција…
Полска како дел од Светскиот рели шампионат ќе оди во историјата после четири години по ред одржување, откако претставници на ФИА оваа година наидоа на нови проблеми со напорите за да ја контролираат публиката.
Организаторите во Полска се мачеа да ги контолираат фановите во 2015 исто така, после што добија предупредување од ФИА што би му дошло како жолт картон за 2016. Иако успеаа да ги подобрат работите во 2016, оваа година Полјаците потфрлија. Поради тоа, заминувањето на Полска од календарот официјално ќе биде најавено следната недела на состанокот на Светскиот Мотор Спорт Совет.
Но затоа пак Турција се враќа во календарот после седум години откако последен пат беше одржана рунда во 2010 година. Се очекува дека Турската рунда ќе биде одржана во септември, што значи дека нема датумот да биде буквално заменет, бидејќи Полската рунда беше одржана во јуни.
Засега познато е само тоа дека првите шест рунди во 2018 остануваат исти како и оваа година.
Фото: redbull.com