Home / Latest Articles / WRC: Рели Монца со изменета рута за сезонското финале

WRC: Рели Монца со изменета рута за сезонското финале

Организаторите на Рели Монца најавија измени во рутата на релито.

Организаторите на Светскиот рели шампионат се одлучија за промени во сезонското финале на Монца. Измените се состојат од еднаква поделба на затворени патишта и кружни брзински испити кои ќе бидат дел од завршниот спектакл за оваа сезона.

Италијанскиот евент ќе се одржи втора година по ред како домаќин на сезонското финале откако пандемијата од Ковид 19 ги спречи Јапонските организатори да го организираат финалето кое требаше дасе одржи од 11 до 14 ноември.

Откако Монца успешно го организираше финалниот евент минатата сезона кога Ожие ја освои титулата после катастрофалната грешка на Еванс помеѓу кои се одлучуваше титулата, овие тимски колеги би можеле повторно да ја решаваат титулата во ова финале во зависност од резултатот во Шпанија овој викенд.

Рели Монца ќе се одржи од 19 до 21 ноември и како што најавија организаторите, интересни промени се воведени. Потврдено е дека релито ќе се состои од 16 брзински испити во должина од 254.46 километри, заедно со легендарниот Power Stage на автодромот Монца.

Шејкдаунот со кој стартува релито ќе се одржи во четврток на патеката Монца. Релито ќе започне со брзинските испити низ планинските патишта во петок, а возачите повторно ќе се вратат на Монца во петок во попладневните часови за дополнителни три брзински испити користејќи различни конфигурации на патеката.

Слична шема ќе биде и во сабота со возење по планински патишта и две возења низ Монца, со последниот брзински испит доцна вечерта. Последниот ден од релито, недела, ќе се одржи на подлогата на легендарниот Ф1 круг.

Да напоменеме, Монца ќе биде последната рунда во која за последен пат ќе ги видиме автомобилите со моменталната WRC спецификација, со тоа што од следната сезона оваа категорија влегува во нови правила – Hybrid Rally1, што означува комбинација од бензински и електричен погонски агрегат.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *