Home / Latest Articles / WRC – Рели Шведска: Невил на чело; 1-2-3 за Hyundai после првиот ден

WRC – Рели Шведска: Невил на чело; 1-2-3 за Hyundai после првиот ден

Тиери Невил се најде на чело пред Микелсен и Лапи, а успеа и да се одбрани од нивните напади…

Возачот на Hyundai Тиери Невил успеа да се одбрани од нападите на Андреас Микелсен и Есапека Лапи за да ја продолжи предноста на Рели Шведска и да продолжи во сабота со предност од 4.9 секунди и 1-2-3 поредок за неговиот тим.

На првиот брзински испит денес Лапи успеа да ја превземе втората позиција од Микелсен приближувајќи му се на Невил за 2.1 секунди, но набрзо излета од патеката на следниот брзински испит.

Како резултат на излетувањето, при ударот во високиот снег од страната на патеката, усисникот за воздух на неговиот автомобил се наполни со снег и го остави моторот во низок работен мод, поради што Лапи заврши на седмата позиција.

На тој брзински испит Микелсен беше побрз од Невил, намалувајќи му ја предноста на една секунда. Невил возврати, покажувајќи поголема брзина попладнево враќајќи ја предноста за 4.9 секунди.

За времето на Невил од 1 час 16 минути и 13.1 секунди, заостанувањето на остатокот од возачите е доста мало, а борбата тесна. Микелсен заостанува за само 4.9 секунди пред Хејден Педон кој е поназад на третата позиција за 12.1 секунди од Невил.

Брин е на четвртата позиција позади трите Hyundai автомобили во неговиот Citroen и заостанува за 12.6 секунди од Невил и половина секунда од Педон.

Неговиот тимски колега во Citroen Мадс Остберг е за 13.2 секунди позади Невил, додека него го следат Тему Сунинен од M-Sport Ford, а се наоѓа пред трите автомобили на тимот на Toyota на Лапи, Латвала и Танак. Крис Ммик ги комплетираше топ 10-те.

Следи видео од најинтересните моменти од вториот ден на Рели Шведска.

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *