Home / Latest Articles / WRC: Себастиен Леб ја тестираше новата хибридна Puma (ВИДЕО)

WRC: Себастиен Леб ја тестираше новата хибридна Puma (ВИДЕО)

9-кратниот Светски рели шампион му се приклучи на Британскиот M-Sport во тестирањето на новиот хибриден WRC автомобил Ford Puma

Како целиот свет се менува така и правилата во Светскиот рели шампионат се менуваат. Од следната година ќе мораме да се соочиме со прилагодувањата на новите правила, кои налагаат хибридни автомобили, а таа технологија полека влегува во секој шампионат.

Новите Rally1 правила стапуваат на сила следната година, а тимовите веќе ги започнуваат своите тестови. Во вторникот Британскиот рели тим M-Sport на големо започна со тестирање на целосно новиот автомобил со новите спецификации, со ниту помалку ниту повеќе туку со рели легендата Себастиен Леб кој неофицијално се поврзува со делумни настапи за M-Sport следната сезона.

Автомобилот беше тестиран на асфалтна подлога, а тимот не изјави никакви подетални информации ниту за автомобилот, ниту за поврзаноста на Леб со тимот, што значи дека во блиска иднина ќе имаме интересни новости.

Во продолжение погледнете го тестирањето на Ford Puma Rally1 Hybrid:

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *