Францускиот возач Себастиен Ожие после најбрзото време на шејкдаунот, дојде до најбрзо време и на првиот брзински испит кој се одржа вечерва како официјален старт на Монте Карло рели.
Тој на 15.20км брзински испит успеа да извози време од 10м34с додека Себастиен Леб заврши за 5.4с позади него. Трет беше Елвин Еванс (+9.3), пред Гас Гринсмит (+12.3) и Крег Брин кој заостана за 13.2с позади водечкиот Ожие.
„Не се чувствував баш добро низпрвиот брзински испит, но мораме да притиснеме. Никогаш не е лесно на Монте Карло рели. Многу е влажно, многу замрзнати делови и непланирани лизгави свиоци. Но тоа Монте Карло.“ – изјави Ожие.
Вечерва на програмата беше и вториот ноќен брзински испит (SS2 LA BOLLÈNE-VÉSUBIE / MOULINET) каде Ожие со уште една победа го зголеми водството на 6.7с пред Леб и 11.2с пред Еванс на третата позиција.
Четврти е Форме (+17.9) додека Гринсмит заврши за 21.9с позади лидерот Ожие на петтата позиција. Шести е Невил (+28.5), пред Брин (+29.2) на седмата позиција и От Танак како осми со заостанување од +41.1с. Катсута е деветти (+48.2), додека после него следат Солберг на десеттата (+58.8) и Рованпера како единесетти (+1:08.8).