Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / WRC: Себастиен Ожие во водство во очи последниот ден од драматичното Рели Хрватска

WRC: Себастиен Ожие во водство во очи последниот ден од драматичното Рели Хрватска

Пред последното преспивање на возачите на Рели Хрватска, Ожие е оној кој ќе спие најмирно. Тој успеа да се најде на чело во генерален пласман после хаотичен ден во кој првите тројца се во 10.4 секунди.

Со драмата започна Кал Рованпера кој откако успеа да дојде до лидерската позиција на шејкдаунот, веќе во првиот брзински испит излета и го уништи неговиот автомобил Toyota Yaris WRC, униптувајќи ги и шансите за највисок пласман овој викенд.

Таа шанса ја презеде неговиот тимски колега Себастиен Ожие кој во крајно извертен ден, буквално и фигуративно, го заврши најдолгиот ден од третата рунда од Светскиот рели шампионат со предност од 6.9 секунди пред неговиот тимски колега Елвин Еванс.

Лидерот од изутрината Тиери Невил мораше да се задоволи со третата позиција после огромните проблеми кои ги имаше од почеток на третиот ден, но успеа да се приближи на 10.4 секунди до Ожие откако уживаше подобро попладне од неговиот ривал.

Драмата започна рано, откако Ожие и Еванс одбраа тврда компонента, додека Невил се надеваше дека тврдата компонента напред и меката назад ќе донесе поголем бенефит од ниските температури, што на крајот излезе дека тоа е вистинскиот избор.

Невил исто така имаше проблеми со автомобилот откако имаше мало излетување од оптималната линија и се здоби со проблеми со сопирачките како и мали проблеми со моторот. Како контраст на тоа Ожие победи на два брзински испити од четирите закажани претпладне, додека Еванс победи на еден и Такамото Катсута на уште еден.

Невил беше на речиси 20 секунди од Ожие, кога Французинот налета на гума проблем што го чинеше 10 секунди заостанување и автоматски преполовувње на предноста.

Четврти денес пристигна От Танак за 30 секунди поназад, правејќи ја истата грешка со изборот на гуми како Невил, кој не можеше да се носи со првите тројца. Петти беше Адриен Формо кој едноставно импресионираше со неговото деби возење во едниот од двата автомобили Ford Fiesta на M-Sport пред неговиот тимски колега Гас Гринсмит.

Седмо време имаше Катсута додека осми денешниот ден го заврши Крег Брин. Ирецот загуби 2 минути бидејќи мораше да застане да промени гума која ја скина удирајќи на ивица на 80 метри од стартот на првиот брзински испит денес.

Утре на програмата се уште четири брзински испити од кои два се повторуваат, додека првиот брзинец кој се вози на планината Медведница на север од Загреб е воедно и најдолг брзински испит на релито.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *