Home / Latest Articles / WRC: Следи тешка задача за Танак на Рели Финска

WRC: Следи тешка задача за Танак на Рели Финска

За да победува, ќе мора прво да започне да финишира…

Дефинитивно дека Танак мора да започне да победува ако сака да дојде до шанса за освојување на титулата оваа година, што ќе биде доста тешка задача поради сериозноста на неговиот најголем ривал Себастиен Ожие од Toyota.

Сериозноста може да се види според неговиот настап Otepaa Winter Rally како загревање за Финското рели, каде извојува севкупна победа со разлика од половина минута пред вториот, после победи на сите брзински испити.

Најтешката задача е да победи на ова рели бидејќи не е баш лесно да се победи Ожие во вакви услови, иако изгледа дека сеуште е присутна онаа мала доза на несигурност после катастрофалното излетување на Монте Карло Рели минатата година на самиот почеток од сезоната.

Овогодинешното Монте Карло Рели исто така беше катастрофа за него, но со незавршување поради казна за возење на три тркала до сервис паркот.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *