Home / Latest Articles / WRC: Со победата на Монца, Себастиен Ожие со осма титула оди во пензија

WRC: Со победата на Монца, Себастиен Ожие со осма титула оди во пензија

Францускиот рели возач Себастиен Ожие со победа и осма шампионска титула ја заврши неговата целосна кариера во Светскиот рели шампионат.

Возачот на Toyota го издржа притисокот откако удри во бетонска бариера во последниот ден на Рели Монца, каде се решаваше Светската титула. Ожие го победи неговиот тимски колега Елвин Еванс и за релито и за титулата. Имено Еванс исто така титулата ја загуби од Ожие во последниот свиок минатата сезона поради своја грешка.

Ожие обезбеди петта рели победа оваа година каде за 7.3 секунди го победи Еванс, после жестока борба низ целиот викенд. Лидерската позиција се менуваше дури шест пати помеѓу овие двајца возачи, додека Еванс го даваше максимумот од себе за да ја одржи борбата за титула, стартувајќи го викендот со дефицит од 17 поени.

Ова беше вистинска бајка за Ожие, откако најави дека ќе се пензионира од целосната активност во шампионатот. Имено, тој ќе настапува на неколку WRC рунди за Toyota следната година, додека исто така ова е последен евент за неговиот совозач Жулиен Инграсиа после 16 години соработка.

Исто така, паралелно со титулата кај возачите за Ожие, Toyota ја освои титулата кај конструкторите во првата година за Јари-Мати Латвала како тимски шеф, но и последен евент од оваа генерација на WRC автомобили со тоа што оваа серија се подготвува за Rally1 правилата со хибридна технологија од 2022 година.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *