Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / WRC: Со шејкдаунот официјално започна Рели Хрватска, за жал без Нико Пулиќ

WRC: Со шејкдаунот официјално започна Рели Хрватска, за жал без Нико Пулиќ

Овој викенд за прв пат во историјата Светскиот рели шампионат се спушти на гости во Хрватска.

Со денешниот шејкдаун започна Светскиот рели спектакл околу Загреб. Најбрз на шејкдаунот беше Елвин Еванс со време од 2:45.1, додека веднаш позади него пристигнаа Тиери Невил +0.7 секунди и Кал Рованпера со заостанување од 1.3 секунди. От Танак беше четврти пред Ожие и Катсута на петтата и шестата позиција.

Најбрзи Хрвати беа Вилиам Продан и Зоран Раштегорац кои пред овој настап настапија и на Рели Монте Карло во Ford Fiesta R4 бранејќи ги боите на Хрватска.

На овој линк проследете ги целосните резултати од шејкдаунот:

https://www.wrc.com/en/wrcplus/live-timing/

На Рели Хрватска беа очекувани седум Хрватски посади меѓу кои и Хрватската автомобилска легенда Нико Пулиќ, но жал тој моментално води тешка борба со корона вирусот поради што е хоспитализиран и под кислород, на кого му посакуваме брзо враќање на тркачките патеки.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *