Home / Latest Articles / WRC: Танак го пропушта сезонското финале на Монца, Сунинен заменува

WRC: Танак го пропушта сезонското финале на Монца, Сунинен заменува

Возачот на Hyundai От Танак најави пропуштање на последната рунда од Светскиот рели шампионат оваа година поради фамилијарни причини.

Естонецот нема да биде присутен во Корејскиот тим за решавање на титулата во шампионатот кај конструкторите со Toyota, но ќе биде заменет со Тему Сунинен кој минатата рунда возеше автомобил Hyundai i20 Rally2.

Танак ја напушти борбата за конструкторската титула наоѓајќи се на петтата позиција во генерален пласман, после доста проблематична кампања полна со механочки проблеми, резултирајќи со само една победа и три подиуми оваа сезона.

Дефинитивно, отсуството на шампионот од 2019 ќе ги намали шансите за победување на Toyota во борбата за конструкторската титула која ќе биде одлучена на Монца, со тоа што Hyundai се наоѓаат за 47 поени назад на втората позиција.

„Не е ова лесна одлука за мене. За жал ќе морам да отсуствувам од финалето на Монца поради лични причини. Му посакувам на мојот тим најголем успех на финалето. Се гледаме наскоро.“ – стоеше во изјавата на Танак.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *