Home / Latest Articles / WRC: Тиери Невил недостижен во Шпанија, титулата се решава на Монца

WRC: Тиери Невил недостижен во Шпанија, титулата се решава на Монца

Белгискиот возач Тиери Невил дојде до доминантна победа на Шпанското рели

Со оваа победа на Невил, шампионската титула останува жива помеѓу Еванс и Ожие, што ќе се одлучи на последната рунда на Монца.

Заедно со својот совозач Мартин Вајдаге, тие направија време кое едноставно беше недостижно за ривалите, откако го решија проблемот со лежењето на нивното Hyundai. Исто така Невил се пожали дека на ноќните брзинци не можел да гледа баш јасно, па затоа не даваше 100% од себе.

Откако автомобилот беше целосно наштелуван и прилагоден како што посакуваше Невил, веднаш се видоа резултатите. Тој и неговиот совозач дојдоа до победа со предност од 24.1 секунда пред Елвин Еванс кој едноставно не можеше повеќе да даде од себе, завршувајќи на третата позиција.

Велшанецот успеа да поведе на првиот ден од релито, но осумте по ред победени брзински испити од страна на Невил беа клучни за превземањето на водството и подоцна освојување на победа.

Домашниот возач Дани Сордо иако најави дека оди на победа, единствено што можеше е да го пополни последното место на подиумот, а воедно тоа претставува огромен резултат за него, при што и самиот тој изјави дека уживал во борбата со најдобрите светски возачи иако не успеа да победи.

Сордо заостана за 35.3 секунди позади Невил, додека позади себе го остави минатогодишниот шампион Себастиен Ожие за 6.8 секунди. Петти беше Кале Рованпера, додека после нив пристигнаа Гас Гринсмит на шестата, Оливер Солберг на седмата и Нил Соланс на осмата позиција.

Со 30 поени останати за освојување на последната рунда на Монца, борбата за титула останува помеѓу лидерот во генерален пласман Себастиен Ожие со 204 поени и Елвин Еванс со 187 поени. Со своите 159 поени единствено што може Тиери Невил да постигне е можна втора позиција доколку победи, а Еванс да не го заврши релито.

Во WRC2 категоријата Ерик Камили (Citroën C3 Rally2) дојде до победа на Рели Шпанија, додека Андреас Микелсен доде до титулата оваа година, додека во WRC3 категоријата Емил Линдхом се скраси со победа позади воланот на неговата Škoda Fabia Rally2.

Во најслабата класата Junior WRC, Сами Пајари запиша историја на Рели Шпанија со освојување на титулата позади воланот на неговата M-Sport Poland Ford Fiesta Rally4 и на свои 19 години и 325 дена стана најмладиот и прв Фински возач кој ги прими почестите во 20 годишната историја на шампионатот.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *