Home / Latest Articles / WRC: Утре започнува Рели Хрватска

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа и оваа година после големите импресии на возачите и самата Светска автомобилска федерација од организацијата и расположливата рута.

Тоа значи после два месеци пауза од Шведското рели, на ред е третата рунда од Светскиот рели календар, а за прв пат асфалтно рели за новата генерација на хибридни автомобили.

На успешното деби минатата година бевме сведоци на неверојатна борба до самата цел помеѓу Ожие и Еванс, каде победата за само 0.6 секунди ја однесе Ожие. Ова беше трета најблиска разлика во историјата на Светскиот рели шампионат.

Оваа година Рели Хрватска пружи 20 натпреварувачки брзинци на брзите и лизгави асфалтни патишта околу Загреб. Ова ќе биде првата асфалтна подлога оваа сезона, додека акцијата започнува во четврток со шејдаунот пред осумте брзински испити во петок и исто толку во сабота.

Во недела на програмата се четирите последни брзински испити и Power Stage-от за официјален крај на релито, додека посадите ќе се соочат со 291.84 натпреварувачки километри.

После Монте Карло и Шведска, лидер во генерален пласман е Кале Рованпера пред Тиери Невил, Себастиен Леб, Гас Гринсмит и Себастиен Ожие.

Од 66те пријавени посади, седум се хрватски, две се словенски и една српска од бившите југословенски простори. Минатата година поради ковид проблеми не успеа да стартува, но оваа година прославениот хрватски автомобилист Нико Пулиќ заедно со неговиот совозач Александра Ковачиќ дефинитивно ќе ги гледаме на стартот од релито.

About vladimir

Check Also

После Францускиот Кол Сент Пјер, следи Португалската Рампа Да Фалпера за Стефановски

Изненадувачката одлука која дојде од таборот на тимот на Игор Стефановски беше категорична, “Се враќаме …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *