Британскиот M-Sport потпиша со WRC2 шампионот од 2019 година Пјер-Луис Лубет кој ќе го вози четвртиот автомобил Ford Puma Rally1 како дел од програмата од седум рунди во Светскиот рели шампионат.
24-годишниот Французин е спремен да се врати во највисокиот степен на рели тркање со Британскиот тим после неколку појавувања со приватниот тим на Hyundai 2C Competition во текот на 2020 и 2021 година.
Последното издание на Лубет во WRC беше на Рели Акрополис во Грција минатиот септември, пред да се повлече од Рели Шпанија поради скршен колк, во незгода во која беше удрен од автомобил на улица.
Негови најдобри резултати досега се две седми места во Сардинија и Естонија минатата година. Тој оваа година ќе се појави на Рели Хрватска, Португалија, Сардинија, Естонија, Финска, Грција Шпанија и рунда која сеуште не е потврдена.
Лубет не е непознат за тимот на M-Sport бидејќи се натпреваруваше во WRC2 кампања за нив во 2017 година, пред да ја освои титулата во WRC2 во 2019 година позади волан на приватна Skoda.
