Home / Latest Articles / WRC: Toyota го потврди Лапи во трет автомобил за Рели Португалија

WRC: Toyota го потврди Лапи во трет автомобил за Рели Португалија

Toyota ќе го прошири лајнапот со трет автомобил Yaris WRC за Есапека Лапи во Португалија следниот месец

Минатогодишниот WRC2 шампион Есапека Лапи ја започна 2017 сезона гледајќи од страна додека Латвала и Ханинен ја започнаа сезоната со двата Yaris WRC автомобили кој се врати во шампионатот како фабрички тим после 18 години. Тимот воден од Томи Макинен ќе остане со два автомобили за следната рунда во Аргентина, но од Португалија веќе работите се менуваат, додавајќи го Лапи како трет возач.

„Есапека е многу млад и гладен возач, тоа е сигурно, но сепак немаше време да го тестира автомобилот пред неговото прво рели. Знам дека ќе даде се од себе, но и тоа дека неговата лична поставена цел е исто така цел на целиот тим, а тоа е завршување на секое рели и освојување што повеќе поени за тимот. Има уште многу работи да подобриме на нашиот автомобил, а тој ќе биде дел од таа крајно важна улога во развојниот процес.“ – изјави Макинен.

Но исто така тој додаде дека после последната рунда на Корзика нивната намера била додавање на трет автомобил за сите Европски рунди од Португалија натаму, пред да се вратат повторно на два автомобили за сезонското финале во Австралија. Пристигнувањето на трет Yaris во тимот носи со себе и нов начин за подобрување, а тоа е олеснување на автомобилите на тимот, бидејќи мислењето на Макинен е дека моментално автомобилите се претешки.

„Мораме да ги ставиме автомобилите на диета. Мораме да се ослободиме од непотребна тежина, а тоа можеме да го постигнеме преку олеснување на некои панели од автомбилот. Потоа исто така ќе мораме да поработиме и на менувачот, за автомобилот да го направиме подобар во кривулести делови, а тоа ќе го правиме во овие неколку недели кои се пред нас. И за крај, констатиравме дека мораме да направиме и некои измени во моторот…“ – заврши Макинен.

За работата во моторот на Yaris-от се одговорни од TMG, но Макинен призна дека Ilmor започнаа со добавување на некои софтверски солуции.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *