Home / Latest Articles / WSBK Асен: Црвено знаме на квалификациите, Баутиста со пол позиција

WSBK Асен: Црвено знаме на квалификациите, Баутиста со пол позиција

Прекината квалификациската сесија на Асен…

Алваро Баутиста дојде до третата по ред освоена пол позиција оваа сезона во Светскиот Супербајк шампионат откако квалификациската сесија беше прерано прекината, а неговите ривали останаа спречени да направат доволно брзи кругови за повисока стартна позиција.

Сесијата беше прекината на само неколку секунди после поставувањето на најбрзо време на Баутиста (1:34.740), откако Топрак Разгатлиоглу и Руичи Кијонари излетаа на свиокот број 13.

Мајкл ван дер Марк ќе му се придружи на Баутиста во првиот ред, додека од вториот ред ќе стартуваат Маркус Реитербергер и Алекс Лоус од третата и четвртата позиција.

Петти ќе стартува Леон Хазлам пред Том Сајкс, Чаз Дејвис, Џонатан Реа, Џорди Торес и Топрак Разгатлиоглу.

 

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *