Home / Latest Articles / WSBK: Разгатлиоглу и Рединг победници во Аргентина

WSBK: Разгатлиоглу и Рединг победници во Аргентина

Изминатиот викенд на патеката Виликум во Аргентина се одржа претпоследната рунда од World Superbike шампионатот

Во првата трка победник беше Топрак Разгатлиоглу кој успеа да се одбрани од доцните напади на неговиот ривал од Ducati, Скот Рединг. Разгатлиоглу стартуваше од втората позиција позади Рединг, но во првиот свиок веќе дојде до лидерската позиција, после што заврши со победа и тоа за само 0.046 секунди пред Рединг.

Трет заврши Џонатан Реа пред Аксел Басани, Микаел ван дер Марк, Андреа Локатели, Гарет Герлоф, Мајкл Рубен Риналди, Алекс Ловс и Леон Хазлам кој ги комплетираше топ 10 возачи во првата трка.

Во втората трка Скот Рединг дојде до победа во возбудлива борба со со Џонатан Реа, додека овој пат Разгатлиоглу заврши на третата позиција на крајот од трката. Реа и Разгатлиоглу повеќе пати ги заменија своите позиции во првиот дел од трката, за потоа Рединг да го превземе водството.

Рединг победи со предност од 2.428 секунди предност пред Реа, додека Разгатлиоглу задоцни за 3.834 секунди. Алекс Басани пристигна четврти пред Мајкл Рубен Риналди на петтата и Микаел ван дер Марк на шестата. Седми беше Локатели пред Герлоф, Дејвис и Алваро Баутиста кој ги комплетираше најдобрите десет во трката.

Вака стои поредокот во генерален пласман кај возачите во очи на последната рунда на патеката Мандалика во Индонезија која ќе се одржи од 19 до 21 ноември:

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *