Home / Latest Articles / WTCC: Роб Хаф: „Се надевам дека ќе се вратам во борба за титулата после тешкиот викенд во Мароко“

WTCC: Роб Хаф: „Се надевам дека ќе се вратам во борба за титулата после тешкиот викенд во Мароко“

Возачот на Munnich Motorsport Роб Хаф имаше викенд за заборавање на уличната трка во Маракеш, но сепак гледа позитивно на тоа, бидејќи колку и да беше катастрофален овој викенд за него и за неговиот тим, тој сепак освои поени на најтешката патека за автомобилот C-Elysee во календарот.

Ова беше крајно драматичен викенд за Британецот. Драмата започна уште на почетокот од викендот кога автомобилот не успеа да помине на техничкиот преглед откако беше приметено дека тој вози сигурносни појаси одобрени од ФИА за 2016 година, а беа потребни со спецификации за 2017 година. Новите појаси беа донесени, но на 20 минути пред почетокот на вториот слободен тренинг. Со оглед на недоволниот тренинг, Хаф се квалификуваше на четвртата позиција за главната трка, но после инцидентот со Рио Мичигами од Honda, во кој Хаф се здоби со оштетувања на летвата на воланот и делумната поправка на недозволено место, резултираше со старт на главната трка од последната позиција и освојување на само два поени кои беа додадени на оние два поени кои ги освои на квалификациите.

„Можеби требаше да бидам повнимателен кога го проаѓав Мичигами, но растојанието беше доста кратко. Успеав да влезам со половина автомобил, но неизбежниот контакт си го направи своето, бидејќи бев стиснат од Рио и ѕидот од другата страна што резултираше со моментално оштетување на управувачкиот систем. Момците завршија невозможна работа и ме вратија во втората трка на која освоивме многу важни поени, што е најважно за нас. Кога ја загубив титулата во шампионатот во 2011 година ја загубив за само три поени, а со освојувањето на четири поени овој викенд, може да дојде до иста клучна ситуација во која може да бидат најпотребни токму тие поени.“ – изјави Хаф.

Иако тој за малку можеше да ја прокоцка и осмата позиција во борба со Том Коронел, сепак се помири дека доаѓањето од 13-тата на 8-та позиција е добар чекор, па затоа го попушти темпото иако овие двајца искусни возачи се надмудруваа во текот на неколкуте кругови во кои траеше борбата помеѓу нив.

Фото: WTCC Media

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *