Home / Latest Articles / WTCR: Вујкото и внукот конечно заедно во Lynk & Co Cyan Racing

WTCR: Вујкото и внукот конечно заедно во Lynk & Co Cyan Racing

Светскиот туринг куп тим Lynk & Co Cyan Racing најави дека Иван Милер и неговиот внук Јан Ерлаше остануваат во тимот и оваа сезона

Милер и Ерлаше беа дел од минатогодишниот напад кој го изведе овој тим со дури четири автомобили, каде беа разделени во два под тима кои возеа под различни банери. Милер возеше под Lynk & Co Cyan Racing Lynk & Co банер додека Ерлаше беше под Cyan Performance Lynk & Co.

Откако Ерлаше покажа доста добри резултати минатата сезона, оваа сезона ќе се бори за освојување на поени заедно со неговиот вујко во Cyan Racing Lynk & Co, додека имињата на двајцата возачи кои ќе настапат за Cyan Performance, ќе бидат најавени во блиска иднина.

Точниот датум за старт на 2020 сезона моментално е многу тешко да се предвиди поради пандемијата на вирусот COVID19, но затоа пак извршниот директор и сопственик Кристиан Дал инсистира на тоа тимот да работи и да биде подготвен за евентуалниот датум за старт на сезоната, кога тоа ќе го дозволи ситуацијата.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *