Home / Latest Articles / WTCR: Гериери останува во Хонда во 2021

WTCR: Гериери останува во Хонда во 2021

Возачот на Хонда Естебан Гериери ќе ја продолжи неговата кампања со Хонда и во 2021, без разлика како ќе заврши овој последен тркачки викенд на Арагон.

Аргентинецот имаше неколку појавувања на неколку трки во 2017 година во Светскиот туринг куп, но потоа го замени Тиаго Монтеиро поради неговата повреда, со договор за цела година.

Гериери заврши како трет во првата сезона, додека минатата година заврши како второпласиран во генерален пласман позади Норберт Михелис. Сепак, оваа сезона оди на шампионска титула.

„Балансот на перформанси не на наша страна, а во ист проблем се наоѓа и Јан Ерлаше во Lynk & Co. Очекувам голема борба за титулата овој викенд со него. Многу работи можат да бидат на наша страна, но и против нас, но сепак, јас одам на освојување на титулата. Знам дека ќе биде тешко после моето не завршување на Золдер, но среќен сум што се опоравив и што имам шанса да се борбам на финалето овој викенд.“ – изјави Гериери.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *