Home / Latest Articles / WTCR Маракеш: Тарквини со втора победа од трите закажани во Мароко

WTCR Маракеш: Тарквини со втора победа од трите закажани во Мароко

Габриеле Тарквини докажа дека уште може да победува, освојувајќи сигурна втора победа на уличната патека Мулај Ел Хасан од трите закажани овој викенд во рамките првата рунда од Светскиот туринг куп.

„Не можам да бидам посреќен. Две победи од три во еден викенд. Добро, може трета победа за да бидам уште посреќен, но добро е. Автомобилот е послушен, одлучив да возам со истите сопирачки и не згрешив. Ова е како остварување на сонот, а се надевам дека ќе продолжиме вака и понатаму.“ – изјави Тарквини.

Веднаш позади Тарквини заврши Иван Милер пред неговиот тимски колега Тед Бјерк, кој во последните кругови ја предаде втората позиција поради краток проблем со електрониката (како што првично се верува).

Hyundai го окупираа подиумот на првата рунда, додека најбрз од останатите беше Јан Ерлаше (Honda), кој доста изненади со своето возење. Иако е млад и луд, му треба континуитет и се надеваме дека ќе го видиме меѓу првите возачи и во иднина, бидејќи очигледно е дека многу ветува.

И покрај нападите, Норберт Михелис (Hyundai) не успеа да ја загрози четвртата позиција на Ерлаше, завршувајќи позади него на петтата, пред Меди Бенани (VW) и Роб Хаф (VW) на шестата и седмата позиција. Toп 10-те ги комплетираа Џејмс Томпсон (Honda) на осмата, пред Жан-Карл Верне (Audi) на деветтата, следен од Пепе Ориола (Cupra) на десеттата позиција.

Трката не ја завршија Џованарди, Бертон, Морбидели, Сабо, Фервиш, Комт, додека трката не ја стартуваше само Дупон.

Погледнете ги останатите резултати подолу:

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *