Кинескиот возач Ма Чин Ха ќе се приклучи на минатогодишниот победнички тим Cyan Racing во 2022 сезона, каде ќе се најде зад волан на Lynk & Co 03 TCR автомобил.
Тој за прв пат се појави во WTCC во 2014 позади волан на Citroen, додека последната трка на Ма во WTCR беше во 2019 година кога беше возач за Team Mulsanne Alfa Romeo каде настапи цела сезона, додека претходно делумно се натпреваруваше за Boutsen Ginion Racing, позади волан на Honda.
Тој победи на трка на Словакиаринг во 2019, завршувајќи на 16тата позиција во генерален пласман кај возачите, додека следната година се врати на домашно тркање, освојувајќи ја титулата во TCR China позади волан на Lynk & Co run за Teamwork Motorsport.
Тој продолжи да се натпреварува за Teamwork Motorsport во 2021 во TCR Asia каде повеќето трки паралелно се одржуваа заедно со TCR China, а титулата ја изгуби од својот тимски колега Џејсон Жанг.
Cyan Racing изјави дека набрзо ќе ги најави и останатите возачи.