Home / Latest Articles / WTCR: Монтеиро и Коронел со официјалните бои на тест на Зандворт

WTCR: Монтеиро и Коронел со официјалните бои на тест на Зандворт

Последните подготовки се во тек…

Возачите на Boutsen Ginion Racing Тиаго Монтеиро и Том Коронел се првите натпреварувачи од Светскиот туринг куп кои излегоа на тестирање во нивните официјални бои на патеката Зандворт во Холандија која воедно е четврта рунда од Светскиот туринг куп која ќе се одржи од 19 до 21 мај, заедно со Европската TCR серија како втора рунда од шампионатот.

Како и сите останати возачи кои тестираа, Монтеиро и Коронел ги објавија своите резултати, а единствено што може да се види од фотографиите е дека тестот е одржан на влажна подлога. Двајцата возачи се позади воланите на најновата спецификација на Honda Civic TCR кои ќе учествуваат во FIA WTCR оваа сезона.

На тестот присутен беше и минатогодипниот шампион во TCR Benelux, Бенџамин Лесене, кој беше именуван како официјален тест возач за тимот. На автомобилот на Монтеиро може да се види црно-црвениот дизајн со Brose и Castrol како главни спонзори, додека кај Коронел присутен е главниот спонзор во последните неколку години, DHL, на жолтата препознатлива основа.

„Победував на трки од TCR Benelux со Boutsen Ginion Racing минатата година, а изгледа дека новиот Civic TCR автомобил е подобрен во сите области, па затоа имам голема доверба дека можеме да развиеме многу прз и ефективен пакет како тим.“ – изјави Коронел.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *