Home / Latest Articles / WTCR: Норберт Михелис официјално му се придружи на Тарквини во BRC Hyundai

WTCR: Норберт Михелис официјално му се придружи на Тарквини во BRC Hyundai

Норберт Михелис и Габриеле Тарквини се официјалните возачи на BRC Hyundai тимот во Светскиот Туринг Куп.

Овие двајца возачи, кои што имаат големо искуство во WTCC шампионатот, ќе се најдат позади управувачот на i30 N TCR во тимот BRC Racing. Овој тим работеше многу близу со Hyundai при развојот на нивниот автомобил со TCR спецификации.

Станува збор за првиот автомобил на Hyundai развиен за тркање на патека, кој што беше развиван за сезоната 2018-та, но тој зеде учество на две трки од минатогодишниот TCR шампионат под привремена хомологација. Во овa тестирање учествуваа Тарквини и Алан Мену, при кое што Тарквини успеа да стигне до победа на првата трка на патеката Жеџијанг.

“Го имам истото чувство што го имав на почетокот од мојата кариера. Работам со нов тим, нов автомобил и во нов шампионат. Тоа е нов предизвик кој што ми преставува голема мотивација. Со нетрпение очекувам да започне мојата повторна соработка со Тарквини и да учам од неговото искуство.” – изјави Михелис.

“Минатата година стана јасно дека i30 N TCR и BRC Racing тимот се навистина конкурентни, па затоа сум сигурен дека ќе се бориме за победи па дури и за титулата во текот на оваа сезона.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *