Home / Latest Articles / WTCR: После Европската титула, Аскона се враќа во борба за Светската титула

WTCR: После Европската титула, Аскона се враќа во борба за Светската титула

Дали Микел Аскона ќе стане шампион во двете најпрестижни ТЦР шампионати?

Шпанскиот возач Микел Аскона имаше доста исполнет и возбудлив викенд, во кој ја осигураше титулата во Европската ТЦР Серија, а истиот викенд прелета од Шпанија во Чешка за да продолжи со борбата Во Светскиот туринг куп.

Истиот викенд тој скокна на третата позиција во генерален пласман во Светскиот туринг куп откако заврши на втората позиција на последната трка на автодромот Мост во Чешка, откако стартуваше од пол позицијата и беше пројден од Норберд Михелис на стартот од трката.

Аскона е трет во генерален пласман кај возачите со 110 поени, за 25 поени позади лидерот кај возачите Јан Ерлаше и за пет поени позади Естебан Гериери.

Возачот на Zengo Motorsport и остатокот од гридот се враќаат на следната рунда на патеката Пу Арнос во Франција овој викенд, додека до крајот на сезоната следат уште две рунди, Адриа во Италија на 7 ноември, додека финалето ќе се одржи на патеката Сочи во Русија на 28 ноември.

Ќе успее ли Аскона до двојна титула?

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *