Промотерот на Светскиот туринг куп официјално изјави дека трката во Русија, на пaтеката Сочи која беше закажана како 13 и 14 рунда ќе биде откажана поради инвазијата на Русија во Украина.
Ова ќе беше втор пат како се одржува трка од Светскиот туринг куп во Русија, но како што излезе, тоа нема да се случи.
„Поради крајно тажната ситуација во Украина, промотерот на Светскиот туринг куп Discovery Sports Events, потврди дека според моменталните случувања не е возможно да се одржи трката во Русија која беше закажана како 13 и 14 рунда.“ – стоеше во изјавата на промотерот.
Не беше најавена никаква информација за можното заменување со друга рунда.